Околности
Хотелот се наоѓа во центарот на градот помеѓу Руската амбасада и новиот Православен Соборен храм. Локацијата е тивка и во нејзина близина има шопинг центри, барови, историски знаменитости како што се старата турска чаршија, Камениот мост, Кале и други. Локацијата на хотелот Ви нуди во исто време одмор, забава и бизнис. За одмор бидејќи е тивка локација, за забава бидејќи во близина има многу барови, градскиот парк и стадионот и за бизнис бидејќи е во центарот на градот каде што се наоѓаат сите државни институции, музеи, галерии, трговски центри и друго.